понеделник, 8 декември 2025

Силна експлозија на плинска боца повреди едно лице во Куманово

Силна експлозија одекна во центарот на Куманово, а се случи во стан на приземје од зграда, повреди едно лице и е однесено во болница. Поради сериозноста на повредите лицето е префрлено на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија во Скопје, изјави директорката на болницата, Биљана Ивановска. Повредениот сам скокнал низ прозорец, раскажаа соседи кои во прв момент помислиле дека станува збор за судар на автомобили.

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

Едно лице е повредено од експлозија на плинска боца  што се случила попладнево на ул. Моша Пијаде во Куманово, соопштија надлежните од кумановската Општа болница и Единицата за територијалната противпожарна заштита (ТППЕ) Куманово.

„Причина за експлозијата е плинска боца. За жал има и повредено лице. Штетата е голема, избиени се прозорците, вратите. Кај нас пожарот е пријавен во 13.35 часот, интервениравме со едно противпожарно возило и шестмина пожарникари. Дојде и ЕВН, ја исклучија струјата“, изјави командирот на смена Чедомир Кипријановиќ од ТППЕ Куманово.

Експлозијата, според очевидци, се случила околу 13 часот. Во изјава за медиумите тие рекоа дека ударот бил силен, а веднаш пристигнале екипите на ТППЕ, Итната медицинска помош и на полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ