четврток, 29 мај 2025

Сиљановска со поддршка за активистите од Кочани

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претставници на неформалната група на млади Поддршка за Кочани (Support Kocani).

Објавено на

часот

Сподели

„Навраќајќи се на страотниот пожар на 16 март, тие манифестираа решеност заедно да направат сé што можат за да им помогнат на семејствата на починатитите, на повредените и нивните блиски, но и на градот Кочани за да се надминат тешките проблеми и да се тргне напред“, соопштија од претседателскиот кабинет.

Младите од Кочани презентирале идеи, планови и проекти за враќање на животот во нивниот роден град и запирање на иселувањето како: отворање дисперзирани студии по информатика, екипирање и опремување на противпожарната служба, реновирање на болницата и кадровско дополнување, отворање на младински центар, во којшто, покрај индивидуални и групни терапии во функција на психолошка поддршка, би се организирале бројни работилници на важни теми за младите и многу други.

„Мора заедно да се избориме и да ја пребродиме оваа колективна и национална загуба, а верувам дека закрепнувањето ќе биде полесно ако сме заедно, оти нема човек што не е засегнат од трагедијата“, порача Сиљановска-Давкова.

Таа изрази поддршка за досегашните активности на „Support Kocani“, како и подготвеност за покровителство и соучество во проекти, мерки и акции од значење за градот. Исто така, го потврдила ветувањето за доделување одликувања и признанија на најзаслужните и најпосветените во кочанската трагедија.

„Кочани не смее да остане симбол на смрт и болка, туку тагата треба да ја трансформираме во херојска борба за ново Кочани“, посочила претседателката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ