„Ако има граница во парламентарните системи, кај претседателите со церемонијални функции, тогаш да бидам искрена, кај нас системот на локална самоуправа се квалификува како квазипретседателски, со многу силни ингеренции на градоначалниците. Оттука, нешто што е невообичаено, министри, пратеници се одлучуваат да конкурираат за градоначалничка функција“, вели Сиљановска.
Дополнителен проблем, според неа, е отсуството на друга извршна власт, покрај градоначалникот, во смисла на локална влада, во форма на извршен одбор, извршен совет или повеќе извршни тела. Тоа, вели Сиљановска-Давкова, претставува силна концентрација на моќ.
„Тоа го квалификува како американскиот претседател, градоначалник со силна власт. Тогаш има опасност од, јас велам, во мала средина, бонапартизација, од силни ингеренции и од рефеудализација дури. Повеќе од дваесет години, ние имаме исти градоначалници. Тоа некаде се нарекува републикански монархизам“, рече Сиљановска-Давкова.






