сабота, 3 мај 2025

Сиљановска ќе присуствува на погребот на папата Франциско

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова на 26 април во Рим ќе присуствува на погребот на папата Франциско, соопштија од кабинетот на претседателот.

Објавено на

часот

Сподели

135 кардинали од сите континенти се поканети во Светата столица да присуствуваат на погребот и општите конгрегации, пред конклавата на која ќе биде избран новиот поглавар. Последната желба на папата беше да биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре во центарот на Рим, наместо во базиликата Свети Петар.

На погребот ќе присуствуваат и претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп. Францускиот претседател Емануел Макрон исто така потврди дека ќе присуствува. Во Рим се очекува да се појави и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ