Претседателката во објавата на својот Фејсбук профил посочува дека во детските очи видела искрена надеж за брзо оздравување, а во умните зборови решеност за победа на болеста.

-Убаво е чувството со пакетче в раце да разговарате со новите пријателчиња за Дедо Мраз, за игра, за учење и забава. Вреди обидот барем за момент да им одлетаат мислите надвор од болницата и да ги убедите дека следната Нова година ќе ја дочекаат дома. Се чувствувате полезно кога дете ќе Ви побара телефон за да Ви се јави или кога ќе ви ја каже неговата најголема желба, а вие го посакувате истото за него. Неизмерно сум им благодарна за денешното дружење на коешто ќе ме потсетуваат на цртаните балерини на Ајла и Тијана, напиша Сиљановска Давкова.
На медицинскиот персонал им изрзола благодарност за пожртвуваноста, хуманоста, посветеноста и грижата за најскапоценото – здравјето на децата!






