сабота, 20 декември 2025

Сиљановска-Давкова во Њујорк: Ние сме мала земја, но со одлична локација и со одлични услови за инвестирање

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на САД, по повод 80-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк приуствуваше на приемот организиран од Американско-балканската стопанска комора. Претседателката на приемот беше придружувана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Објавено на

часот

Сподели

„Драго ми е што успешни Македонци, претприемачи од САД се иницијатори на оваа стопанска комора и придонесуваат за зближување на американските и балканските бизнис заедници, како и за меѓусебна соработка на земјите од регионот. Верувам дека регионално најлесно можеме да се интегрираме во ЕУ. Соработувајте меѓу себе и промовирајте ги македонските инвестициски потенцијали. Ние сме мала земја, но со одлична локација и со одлични услови за инвестирање“, порача Сиљановска-Давкова на приемот на Американско-балканската стопанска комора.

Таа денеска во Њујорк ќе има обраќање и на годишниот самит на Конкордија. Според програмата, како што јави известувачот на МИА, Сиљановска – Давкова ќе се обрати и на Светскиот лидерски форум при Универзитетот Колумбија во Њујорк.

По обраќањата, претседателката ќе присуствува на приемот организиран од страна на Постојаната мисија на Австрија при ОН, во присуство на австрискиот претседател, канцеларот и министерот за надворешни работи, а по повод кандидатурата на Австрија за членство во Советот за безбедност на ОН (2027-2028).

За вечерва, по локално време, најавено е присуство на претседателката Сиљановска – Давкова на приемот што го приредува американскиот претседател Доналд Трамп.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ