Претседателката напомена дека наградите не се случаен подарок, туку логична последица на стратегиско размислување и системско вложување во креативен човечки капитал, во современи техники и технологии.
„Препознаваме, афирмираме и наградуваме вредности како стандард, квалитет, одговорност и посветеност. Наградите потврдуваат дека успехот е резултат на визија, истрајност, знаење и храброст. Компаниите што ги наградуваме ги персонифицираат зрелоста и потенцијалот на македонското стопанство да креира одржливи модели на раст, да генерира иновации и да одржува динамична, но стабилна бизнис клима“, потенцира Сиљановска – Давкова.
Пред присутните се обрати и претседателот на ССК, Горан Ѓорѓиевски.
„Македонското признание за квалитет е симбол на високи стандарди, професионалност и визија за одржлив развој на нашето стопанство. Во современиот и силно конкурентен свет, квалитетот повеќе не е извор, туку е неопходност. Значи доверба кај потрошувачите, стабилност на компаниите и долгорочна конкурентност на националната економија“, подвлече Ѓорѓиевски.
Признанија добија 11 компаниии.






