вторник, 17 февруари 2026

Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

Меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот, како и реформските процеси во нашата земја биле темите за кои на денешната средба разговарале претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова и Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.

Објавено на

часот

Сподели

„Соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти. За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни, не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата. Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО, се важни за стабилноста“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

Претседателката изразила подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка на САД.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ