среда, 17 декември 2025

Сиљановска-Давкова: Унгарија останува искрен и посветен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Унгарија. На приемот организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Објавено на

часот

Сподели

„Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми, заеднички иницијативи, како и на соработката во одбраната. Унгарија останува искрен и посветен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат, препознавајќи ги нашите напори за стабилност и реформи, засновани на европските вредности“, пишува претседателката Сиљановска Давкова на својот Фејсбук профил.

Таа изразува уверување дека партнерството ќе продолжи да се развива во духот на взаемна почит и солидарност.

На приемот по повод Националниот ден на пријателска Унгарија, покрај македонската претседателка, меѓу другите присуствуваа и министрите Панче Тошковски, Гордана Димитриеска – Кочоска, Весна Јаневска, претставници од Собранието, локалната самоуправа, бизнис заедницата и на дипломатскиот кор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ