четврток, 26 февруари 2026

Сиљановска – Давкова: Претседателот Трајковски ќе остане запаметен како државник, лидер и добар човек

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска им оддаде почит на поранешниот претседател Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација, кои загинаа во авионската несреќа во Босна и Херцеговина пред 22 години.

Објавено на

часот

Сподели

„Дваесет и две години по трагедијата, со длабока тага повторно им оддадовме почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на македонската делегација, чии животи згаснаа во авионската несреќа во Босна и Херцеговина. Претседателот Трајковски ќе остане запаметен како државник, лидер и добар човек, чиј живот и политика се темелеа на принципи и вредности. Беше заколнат миротворец, борец за човекови права, длабоко веруваше во македонската европска иднина и во демократијата. Неговата визија останува наша обврска“, напиша претседателката Сиљановска-Давкова на Фејсбук.

Во знак на сеќавање и благодарност претседателката се поклони пред вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова-Бошковиќ, Ристо Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски на гробиштата „Бутел“ во Скопје.

Делегации им оддадоа почит и на Анита Кришан-Лозановска на гробиштата во Велес, на Борис Велинов на гробиштата во населбата Илинден и на Аце Божиновски на гробиштата во Бардовци.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ