среда, 8 април 2026

Сиљановска-Давкова по повод 8 Април: Ромите како најранливата и најмаргинилизирана категорија граѓани, заслужуваат општествено внимание и заштита

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, во која наведува дека Ромите историски и културно се неразделен дел од македонската држава и општество.

Објавено на

часот

Сподели

„Почитувани сограѓани Роми, нека ви е и нека ни е честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите. Искрено посакувам да го одбележите овој ден во добро здравје, радост и среќа. Вие, Ромите, историски и културно сте неразделен дел од македонската држава и општество. Слободата, гордоста и заедништвото се особени вредности на ромскиот идентитет и заслужуваат должна почит“, наведува Сиљановска-Давкова во честитката.

Претседателката додава дека нашата заедничка македонска држава формално-правно е лидер во гарантирањето на малцинските права, во регионални и европски рамки, но оти реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции.

„Осми април е вистинскиот ден за мерење и преиспитување на квалитетот на животот на нашите сограѓани Роми во сите области и на сите нивоа. Еднаш мора да ни стане јасно дека не е доволно да се повикуваме на Шуто Оризари, туку да обезбедиме пристоен живот на Ромите каде и да се“, посочува претседателката во честитката.

Сиљановска-Давкова на крајот нагласува дека крајно време е да сфатиме дека ромската заедница е најранливата и најмаргинилизирана категорија граѓани, а како таква заслужува најголемо општествено внимание и заштита.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ