вторник, 3 февруари 2026

Сиљановска-Давкова од Дубаи: Во заедничка потрага по иновативни решенија за најголемите глобални предизвици

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на отворањето на Самитот на светските влади (World Governments Summit 2026) во Дубаи – глобална платформа за дијалог, идеи и визии за иднината на управувањето, кој, како што пишува на својот Фејсбук-профил, претствува простор за размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка.

Објавено на

часот

Сподели

„Самитот обединува светски лидери, носители на одлуки и експерти во заедничка потрага по иновативни решенија за најголемите глобални предизвици. Простор за размена на искуства и зајакнување на меѓународната соработка“, пишува македонската претседателка.

Годинава, за темата на самитот „Обликување влади на иднината“ разговараме со десетици шефови на држави и влади, стотици министри и претставници на над 150 држави, нагласи Сиљановска – Давкова. . 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ