„Мултилатералниот систем базиран на правила е расцепкан под тежината на растечката мултиполарност. Се чини дека правиме чекор назад, кон постар светски поредок, оној на Макијавели, Хобс и Клаузевиц, каде што правилата се заменуваат со моќ“, објави Сиљановска-Давкова на ФБ.
На отворањето на Меѓународниот Астана форум 2025, напиша претседателката на Македонија, повикав на суштински реформи на светската организација.
„Време е за жена генерален секретар на ОН. Во свет доминиран од силни мажи со оружје, ни требаат силни жени со мудрост“, објави Сиљановска-Давкова.