По завршувањето на официјалниот дел, претседателката го посети спомен-просторот каде се изложени фотографии од жртвите. Секој починат имаше свој тефтер за посвети, а Сиљановска-Давкова напиша по една порака за секој од 63-те загинати.
Лани Сиљановска испрати лични писма со сочувство до семејствата на жртвите.

На претседателската веб-страница беа објавени имињата на загинатите заедно со пораката:„Оние кои ги загубивме ќе живеат со нас, сè додека постојат љубовта и сеќавањето за нив. Нивните имиња се трајно врежани во македонската колективна меморија. Вечни во нашите срца!“






