понеделник, 19 јануари 2026

Сиљановска-Давкова на Водици во Охрид и Струга: Празник за обединување многу генерации верници низ времето

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова беше дел од свеченото одбележување на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид и Струга, каде што митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј ги освети водите на Охридското Езеро и реката Црн Дрим, положувајќи го светиот крст во нив. 

Објавено на

часот

Сподели

Водени од силната вера во благодатта на осветената вода и од вековниот обичај што го симболизира крштевањето на Исус Христос, голем број верници учествуваа во овој свет чин, со молитва и надеж за духовно прочистување.

Сиљановска-Давкова, како што информираат од кабинетот на претседателката, му честиташе на Мартин Гоџо, кој успеа да го извади светиот крст од охридските езерски води. Таа му подари пафта – невестински колан, од Галичник од 19 век, упатувајќи му искрени желби за добро здравје и лична среќа.

Во Струга, најсреќниот меѓу учесниците кои влегоа во осветените води, Петар Чакарески, од претседателката исто така како подарок доби пафта – невестински колан, но од Битола од 19 век, со желба за здравје, радост и благосостојба.

Сиљановска-Давкова истакна дека Богојавление – Водици носи јасна порака за духовна обнова, заедништво и непоколеблива вера, обединувајќи многу генерации верници низ времето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ