недела, 14 декември 2025

Сиљановска-Давкова на самитот „Конкордија“ во ОН: ЕУ не може да го брани мултилатерализмот во светот, ако го изневерува на својот континент

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на годинашниот самит „Конкордија“, којшто секоја година се одржува паралелно со Генералното собрание на ОН, се наведува во денешното соопштение од нејзиниот кабинет.

 

Објавено на

часот

Сподели

Сиљановска-Давкова во обраќањето рече дека она што се ОН за светот, ЕУ е за Европа, мултилатерален проект со една врвна цел: мир на континентот и нагласи дека тоа се постигнува преку проширувањето врз основа на Kопенхагенските критериуми: демократија, владеење на правото, човекови права и слободи, и пазарна економија. Додаде дека Европската Унија не може да го брани мултилатерализмот во светот, ако го изневерува на својот континент. Според неа, проширувањето не е техничко прашање, туку тест за тоа дали ЕУ ќе го одбере патот на „concordia“ или „discordia“, дали ќе биде Унија на правила и стандарди, или Унија на двојни стандарди и контрадикции.

Претседателката посочи дека ние можеме да направиме сè што е потребно во економијата, реформите, но сепак, нашите преговори зависат од нашите соседи и констатираше дека за разлика од Скандинавија, која ги поддржа балтичките земји за ЕУ, нашите соседи често користат вето при приемот на нови членки. Порача дека е крајно време да се направат промени во ЕУ за начинот на одлучување, што неодамна го потенцираше и претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.

Вакуумот е многу опасна работа и нема вакуум во геополитиката; некој ќе се обиде да го пополни, да влезе во вакуумот. Ако го слушаме тоа секој ден, ако слушаме од вас политичарите дека мора да бидеме отпорни и дека не смееме да дозволиме некои малигни сили да влезат во регионот, решението е во мултилатерализмот.

Значи, што е можно поскоро мора да станеме членки на ЕУ и тогаш постои можност да се европеизираме внатре, бидејќи демократија не се учи чекајќи пред вратата на ЕУ. Со тоа ги храбрите воините, а има многу воини во светот, па и во нашиот регион.

Мислам дека ова е навистина момент што би го искористиле не само членките, не само таканаречените држави од Западен Балкан, туку и ЕУ. Веројатно знаете дека сите земји, вклучително и мојата, делат иста меѓународна и безбедносна политика со ЕУ. Ова е последниот момент, мислам, да бидеме разбрани и да станеме членка на ЕУ.

Зошто го велам ова? Бидејќи се соочуваме со егзодус, најдобрите студенти, најквалификуваните, веројатно многу или некои од нив се веќе тука, ја напуштаат земјата. Предводени од „ubi bene, ibi patria“ бараат подобар живот. Ако сме членка на ЕУ или ако сме на сериозен пат што гарантира членство, тогаш би можеле да ги инспирираме да останат дома и да работат со нас.

Ви благодарам уште еднаш почитувани гости што ме слушавте. Мојата последна идеја е дека мултилатерализмот е најважното прашање, дека сè уште ужива легитимитет за зајакнување на моќта на Обединетите нации. Сè уште верувам во Обединетите нации, но во реформирани Обединети нации.

Мора да се обидеме да ги решиме проблемите на транспарентен, партиципативен начин ако сакаме мир во светот, бидејќи без мир ништо не може да се направи. Џон Ленон некогаш беше свесен за тоа и затоа велам дека можеби во моментов мојот последен збор е замисли (Imagine). Замисли подобар свет.“, порача во авршниот дел од своето обраќање, на самитот „Конкордија“ во ОН, македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова.

Темите на самитот ja опфаќаат глобалната економија и трговија; демократијата, безбедноста и геополитичкиот ризик; енергијата и транзицијата; здравствените можности и предизвици; човековите права и социјалниот напредок, како и иновативната технологија. Овој настан претставува еден од најзначајните форуми каде што се собираат лидери од различни сектори: државници, бизнис елити, претставници на граѓанското општество и иноватори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ