вторник, 16 декември 2025

Сиљановска–Давкова на конференција на ООН во Севиља, Шпанија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на четвртата Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на Организацијата на Обединетите нации ќе се одржи во Севиља.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од кабинетот на Сиљановска-Давкова, вечерва, таа ќе присуствува на официјалниот прием, којшто за шефовите на делегациите, го приредуваат кралот на Шпанија, Фелипе VI и кралицата Летиција.

„Целта на лидерскиот собир е изнаоѓање на решенија за справувањето со финансиските предизвици во исполнувањето на целите за одржливиот развој и Агендата 2030, реформирање на меѓународната финансиска архитектура и поттикнување на инвестиции од страна на приватниот сектор“, се наведува во соопштението.

На Конференцијата, на којашто е најавено учество на педесетина шефови на држави и влади, претставници на меѓународните организации, на бизнис – заедниците и граѓанското општество, треба да биде усвоен „договорот од Севиља“.

Во рамки на посетата, предвидено е претседателката Сиљановска-Давкова да одржи билатерална средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ