понеделник, 26 јануари 2026

Сиљановска-Давкова: Меѓународниот семинар за македонски јазик е жива дебата за јазикот како темел на идентитетот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видеопорака се обрати на свеченото отворање на шестата Зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, што се одржува под нејзино покровителство, соопштија од нејзиниот кабинет.

Објавено на

часот

Сподели

Оценувајќи ја како значаен настан што ја продолжува долгата научна и културна традиција на македонистиката, Сиљановска-Давкова посочила дека Зимската школа е жива академска дебата за македонскиот јазик како темел на идентитетот, меморијата и културната самосвест.

Според неа, во ера на забрзани промени, во која јазиците се соочуваат со нови предизвици, македонскиот јазик мора да биде функционален и видлив во дигиталниот свет и да остане жив за идните генерации, дома и во дијаспората.

За неа, Зимската школа како дел од тој процес е влог и инвестиција во иднината на македонскиот јазик, но и во иднината на македонистиката како светска научна мрежа.

Како успешен пример на образовна и научна дипломатија, како што вели, оваа Школа придонесува за меѓунационалниот дијалог и меѓусебното идентитетско разбирање и признавање во време на глобални предизвици. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ