Одговорајќи на новинарско прашање по сесијата од Форумот за културна дипломатија, Сиљановска Давкова нагласи дека земјава има многу научени лекции и предизвици за да внимава како ќе се однесува во склучувањето на договорите како дел од стратегиското партнерство.
„Стратегиските партнерства ќе бидат многу актуелни во следниот период, а ние мора да наоѓаме решенија за развој и стратешкото партнерство е во таа област. Јас би сакала да имаме стратешко партнерство и со некои земји како Азербејџан и останатите. Ние не можеме да скокнеме во обновливи извори без транзиција која е врзана за гас, а мислам дека, се разбира, ние имаме многу научени лекции и предизвици за да внимаваме како ќе се однесуваме во склучувањето на договорите како дел од стратешкото партнерство“, подвлече претседателката.