вторник, 10 јуни 2025

Сиљановска-Давкова: Културата е најмоќниот ресурс на малите народи

Перцепцијата на Гоце Делчев на светот како поле за културен натпревар меѓу народите, треба да биде основа на македонската културна дипломатија, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на домаќинка, на третата сесија на Форумот за културна дипломатија, што се одржува под покровителство на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов.

Објавено на

часот

Сподели

Говорници на сесијата беа поранешниот претседател, Ѓорге Иванов, поранешниот чешки претседател, Вацлав Клаус, поранешниот претседател на ГС на ООН, Волкан Бозкир, Розета Епифани од Кабинетот на претседателот на Советот на министри на Италија и Хенри Џонс, претседател на COFR Technologies и советник на државниот секретар на Арканзас.

Како поборник и поддржувач на културната дипломатија, Сиљановска-Давкова истакна дека културата е моќно миротворно, недоволно искористено дипломатско оружје не само на големите, туку и на малите држави.

Во уметноста таа препознава важен инструмент за разбирање, доверба и пријателство меѓу државите и нациите. Според неа, голем успех за една држава и култура е да стекне почитувачи, припадници на други народи.

Учесниците дискутираа за шансите на малите држави да влијаат врз справувањето со глобалните предизвици преку културната дипломатија.

Од расправата произлегоа предлози за реформирање на ООН, во функција на дисперзија на моќта, преку зголемување на улогата на Генералното собрание во процесот на одлучување и проширување на членовите на Советот за безбедност.

Свесни за ограничената моќ на малите држави, за доминацијата на реал политиката во меѓународните односи и заострениот конфликт меѓу силата, правото и правдата, учесниците се согласија дека се неопходни алтернативни решенија за влијание, меѓу коишто, регионалното поврзување и соработка, како можен агенс на промени, соопшти кабинетот на претседателката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ