„Од дискусиите овде, и не само овде туку во јавноста општо, јасно беше дека Судскиот совет стана фактор на криза во судството… Двете кандидатки не ги предложив затоа што се жени, туку пред се заради нивната стручност и компетентност“, рече претседателката.
Сиљановска – Давкова ја искористи можноста да посочи и на важноста на етичката димензија, како предуслов за независно судство, покрај професионалноста и компетентноста.
„Судскиот совет е рентгенот, микроскопот, во него треба да седат луѓе кои ќе треба да оценуваат врз основа на тоа што го имат како квалификација, но и врз основа на интегритетот и дигнитетот…Во правото најважни се законитоста, уставноста, етиката, бидејќи само таков орган ќе може да одлучува за дисциплинска одговорност, за избор на судии, разрешување судии…“, рече претседателката.
Таа уште нагласи дека реформите во судството почнуваат токму во Судскиот совет.
„Ако во Судскиот совет регрутираме луѓе посветени на правото, луѓе стручни и компетентни во областа, мислам дека тоа ќе значи промовирање на исти критериуми и при изборот на судиите, одговорноста на судиите и се разбира, очекувам нешто што додека бев пратеничка не го видов – да добиваме извештаи од Советот што ќе бидат аргументирани, во кои не само што ќе се детектираат проблеми туку и начини за нивно надминување, извештаи кои ќе значат исчекор во реформите“, рече претседателката Сиљановска – Давкова.






