Како што информираат од нејзиниот кабинет, претставниците на фестивалот ја информирале претседателката за програмата на 65. Охридско лето, предочувајќи ја нејзината разновидност и квалитет.
-Охридско лето веќе шест и пол децении ги обединува музиката, театарот и уметноста, рекла претседателката и додала дека „секој изведувач испишува уникатна приказна во историјата на фестивалот“.
Гостите од САД и од Португалија, освен благодарност за поканата да учествуваат на овој реномиран настан, искажале и воодушевување од убавините на Охрид.