На 1-ви април во Собранието поминаа измените во законите за учебници за основно и средно образование и Законот за основно образование. Законите беа изгласани со 65 гласови за, осум пратеници гласаа против.
Во образложението, предлагачите на сега веќе изгласаните измени меѓу другото пишува дека измените се во насока на допрецизирање на одредбата за поголема контрола и соработка со родителите и училишниот совет.
Писмо за поддршка до пратеникот испратија од Коалицијата за заштита на децата, за како што велат оттаму, неговите заложби за прочистување на Законот за основно образование од родовата идеологија.
Од коалицијата велат дека иако сѐ уште постојат можности за унапредување на законот и „отстранување на потенцијалните проблематични делови, како што се недефинираните термини ‘различности’ и ‘еднаквост на половите’“, сепак тие ја поздравуваат најновата “позитивна промена“.
„Стоиме на ставот дека децата не треба да бидат изложени на теории и концепти какви што се родовата идеологија и раната сексуализација, кои не само што не се во согласност со биолошките и начините факти, туку имаат и негативен ефект на нивниот психолошки и емоционален развој. Образовните програми на оваа тема можат да предизвикаат сериозен стрес, анксиозност и несигурност кај децата и младите луѓе и истите ги поткопуваат темелите на семејните и социјалните вредности кои се изградени врз биолошките разлики помеѓу половите и се клучни за развојот на стабилни и здрави личности. Постои и сериозна потреба од заштита на правата на родителите како единствени одговорни да носат одлуки за сѐ поврзано со своите малолетни деца, вклучувајќи го и видот на образованието што треба да им биде пружено. Имено, образование кое содржи родова идеологија е спротивно на светогледот на речи си сите родители, што го прави непогодно и неприфатливо“, се наведува во дел од писмото на Коалицијата за заштита на децата.
Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација најостро реагираа измените со кои, као што велат оттаму, се озаконува дискриминацијата и насилството, а се бришат темите за сексуално и репродуктивно здравје и родова еднаквост. Според нив, овие законски измени се носат без консултација со младите и стручната јавност и директно се спротивни на потребите на младите.
Оттаму велат дека младите на возраст од 15 до 18 години се најмногу изложени на насилство за разлика од другите возрасни групи и младите кои ѝ припаѓаат на ЛГБТИ задницата се и до четирипати почесто малтретирани во училиште од хетеросексуалните врсници. Дополнително, додаваат тие, 15-годишници со хомосексуална и бисексуална ориентација страдаат два или повеќе пати почесто во споредба со своите хетеросексуални врсници, честопати со повеќе психосоматски симптоми (74 отсто), чувства на тага и безнадежност (47 отсто) или со сериозни самоубиствени мисли (30 отсто).
„Загрижува податокот дека никој од стручната јавност, ниту младинските организации, не побараа ваков тип на законски измени во образованието. Токму затоа прашуваме, дали Владата и Парламентот се во директна спрега со неформални и формални радикални групи, кои под превезот на ‘заштита на правата на децата’ секојдневно промовираат –дискриминација, омраза, насилство, шират теории на заговор против употреба на вакцините и други методи за здравствена превенција базирани на докази. Истите групи веќе неколку години промовираат антидемократски процеси и оркестрирано напаѓаат стручни лица, активисти од граѓанскиот сектор, новинари. Оваа насока е целосно спротивна на заложбите на државата за ЕУ интегративните процеси“, велат од Платформата за родова еднаквост и Мрежата за заштита од дискриминација.