Таа посочи дека речиси два милениума Христовото воскресение, одново и одново ни влева надеж и верба во доброто, како неуништлив белег на човечката природа
Осврнувајќи се на актуелните предизвици, Сиљановска-Давкова истакна дека во овие тешки времиња, кога темни облаци се надвиснати над човештвото и кога војната го всади стравот во луѓето, верува дека Велигден, како празник над празниците, ќе донесе мир, духовност и мудрост.
„Исус Христос нè научи дека без емпатија, солидарност и толеранција и без разбирање на другиот и поинаквиот, нема соживот“, истакна Сиљановска-Давкова.
Претседателката изрази надеж дека празникот ќе го разбуди доброто кај сите луѓе, потсетувајќи дека животот е посилен од смртта, а светлината од темнината, и ќе помогне општеството да чекори напред по Божјиот пат.






