„Со особено задоволство, на сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар, срдечно Ви го честитам денот на Христовото раѓање – Божик. Нека овие светли празнични денови Ви донесат добро здравје, духовен мир и радост, исполнувајќи ги Вашите домови со спокој, љубов и топлина. Божиќ, како еден од највозвишените христијански празници, нè потсетува на вечните вредности: солидарноста, човечноста и надежта, коишто ги зближуваат луѓето и ја зајакнуваат вербата во подобра иднина“, пишува Сиљановска-Давкова.
Во овие зимски денови, додава македонската претседателка, божиќните празници нека бидат поттик за чинење добри дела и взаемно почитување.
„Да даруваме насмевки, да негуваме човечка блискост и да бидеме носители на ведрина и позитивна мисла во секојдневието, споделувајќи радост со сите околу нас“, пишува претседателката во честитката.






