среда, 11 февруари 2026

Силен земјотрес во Скопје

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Косово, на околу 45 км северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML4,6.

Објавено на

часот

Сподели

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени, во останатите делови од Македонија со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ