Од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово информираа дека ги известиле општината и полицијата.
Сообраќајот го регулира СВР Куманово, додека екипи на „Чистота и зеленило“ ги отстрануваат парчињата од лимениот покрив.
„Со наша механизација се расчистува лимениот покрив“, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ.






