петок, 5 декември 2025

Шведска и Македонија – пријателство и соработка за посилни врски меѓу парламентите

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска оствари средба со делегација на меѓупарламентарната група за пријателство Шведска – Македонија на шведскиот Риксдаг, предводена од претседателката на групата, Лота Џонсон Форнарве.

Објавено на

часот

Сподели

. На средбата присуствуваше шведскиот амбасадор во нашата земја, Ола Солстром, како и претседателката на пратеничката група на Собранието за соработка со парламентот на Кралството Шведска, Дафина Стојаноска.

Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, претседателот на Собранието, Гаши ја истакнал долгогодишната поддршка и пријателство на Кралството Шведска кон нашата земја, нагласувајќи дека односите меѓу двете држави се темелат на заемно разбирање, доверба и почитување.

„Посебно беше изразено задоволство од формирањето на групата за пријателство со Македонија во шведскиот Риксдаг, што претставува важен чекор кон унапредување на парламентарната соработка“, се посочува во соопштението.

Пратеничката Дафина Стојаноска упатила благодарност за континуираната шведска поддршка за стратешката цел на нашата земја – полноправно членство во Европската Унија.

„Се разговараше за остварување проекти во следниот период во повеќе области – земјоделство, бизнис, родова еднаквост, што ќе значи континуитет на поддршка и пријателство. Присутните соговорници се согласија дека интензивната меѓусебна комуникација и размената на искуства придонесуваат кон приближување на државите и народите на Шведска и Македонија“, се наведува во соопштението од Собранието.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ