петок, 23 јануари 2026

Шумската полиција во акција како во филм, бркаше и фати дрвокрадци на Плачковица (ВИДЕО)

Денеска на планината Плачковица во заедничка акција на “Македонски Шуми”, Шумската полиција и ОВР Радовиш, на лице место биле фатени група дрвокрадци, информираше на својот фејсбук профил, заменик генералниот директор на „македонски шуми“, Кире Михаилов.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите на Михаилов, се работи за дел од група која во изминатиот период направила големи штети на шумскиот фонд на планината Плачковица.
„Во текот на денешната акција беа одземени две моторни возила со кои се вршеше превоз на крадени дрвни сортименти, беше одземена една моторна пила и други орудија со кои се вршеше оваа нелегална сеча, т.е. пустошење на шумата.
Морам да изразам голема благодарност за колегите, шумските полицајци и припадниците на МВР кои професионално и на ниво на задачата ја завршија. Активностите продолжуваат, нема застанување ниту тука, ниту каде било во Македонија каде се случуваат нелегални активности по шумите. Во интерес на истрагата, нема да споделиме повеќе информации, но, можам да кажам дека се работи за дрвокрадци кои многу добро им беа познати на службите и во изминатиов период имаат направено многу кривични дела“, напиша Михаилов.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ