„Потсетуваме дека и за опожарените површини важат истите законски правила. Според Законот за шуми, сечата и транспортот на дрвна маса се дозволени само со соодветно одобрение. Против непознатиот сторител е поднесена пријава, а институциите ги преземаат сите потребни мерки“, се вели во соопштението на Јавната установа НП Шар Планина.
Од таму во денешното соопштение се осврнуваат и на тоа зошто е важно сечата да биде под надзор на стручни лица.

„Сеча на дрвја без стручна процена е сериозен ризик-не само за шумата, туку и за луѓето. Маркирањето од страна на шумарски стручњаци е неопходно поради зачувување на шумскиот екосистем, превенција од ерозија. Законска и економска контрола маркирањето овозможува прецизна процена на количината на дрвна маса, праведно наплатување при сеча и заштита од незаконско сечење и шумска кражба“, велат стручните лица од Националниот парк.
Заштита на биодиверзитетот е важно за некои дрвја кои живеалиште за ретки видови птици, инсекти или габи, оценуваат стручните лица од паркот.






