„Сметам дека секој глас на секој граѓанин е важен во изборниот процес без разлика дали се локални или парламентарни избори бидејќи го прават изборот за она што го очекуваме понатаму. Денеска гласаме за подобро, похумано и поубаво Скопје“, изјави Шукова откако гласаше во основното училиште „Јан Амос Коменски“.
Таа очекува граѓаните масовно да излезат на избори и да го дадат својот глас бидејќи од нив зависат промените во главниот град и во останатите општини.






