Од ЈП „Исар“-Штип денеска информираат дека ќе поднесат кривична пријава против сторителите за кои веќе имаат обезбедено докази, а меѓу кои и видео снимки. Посочуваат дека не станува збор за изолиран случај, туку за повторувачки проблем, при што за дел од претходните инциденти веќе се водат постапки.
„За сите сторители на овој вандалски чин, за кои постои доказен материјал, ќе бидат поднесени кривични пријави. Во тек се постапки и за претходните слични случаи. Ваквото однесување нема да се толерира. Се апелира до граѓаните да пријавуваат вакви инциденти и да помогнат во заштитата на јавниот простор“, соопштија од ЈП „Исар“-Штип.






