четврток, 19 март 2026

Штип од утре почнува со настани за Чет’рсе, а во недела е искачувањето на тврдината „Исар“

Богата културно-уметничка програма нуди Општина Штип за одбележувањето на милениумскиот обичај Чет’рсе, кој е и на листата на нематеријално културно богатство на УНЕСКО. Виктор Вукановски од Општина Штип денеска најави дека во програмата има концерт на културни уметнички друштва и ансамбли од државата во Центарот за културата „Ацо Шопов“, со почеток од 20 часот,а во сабота веќе се предвидени два настапи, Бојана Скендеровски настапува со голем солистички концерт на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“.

Објавено на

часот

Сподели

Богата културно-уметничка програма нуди Општина Штип за одбележувањето на милениумскиот обичај Чет’рсе, кој е и на листата на нематеријално културно богатство на УНЕСКО. Виктор Вукановски од Општина Штип денеска најави дека во програмата има концерт на културни уметнички друштва и ансамбли од државата во Центарот за културата „Ацо Шопов“, со почеток од 20 часот,а  во сабота веќе се предвидени два настапи, Бојана Скендеровски настапува со голем солистички концерт на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“, додека во истиот термит во Дом на млади, ќе се организира рок хепенинг од групата Why not.

„Утре петок на 20 март, во 18 часот во Домот на културата во Штип ќе биде понудена програма од страна на КУД Ристо Донев – учителот. Се надевам дека со оваа програма ќе биде задоволен апетитот на сите оние кои сакаат да ја негуваат традицијата на Македонија. Што се однесува во сабота 21 март, во 20 часот во Домот на културата ‘Ацо Шопов’ ќе биде организиран големиот солистички концерт на Бојана Скендеровски. Таа ке биде дел од нашата пргорама со цел да ги потести фановите за нејзините најголеми хитови“, рече Вукановски.

На самиот ден 22 март, кога воедно ќе се одржи традиционалното искачување на Исарот, е предвидена промоција на стихозбирката Поетски поздрав на Чет’рсе од литературниот клуб Искра. Истата ќе се одржи од 13:30 часот. Инаку, како и останатите години и оваа, Општината е подготвена да понуди програма за сите граѓани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ