Денеска се огласи градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој преку неговиот Фејсбук-профил информираше дека веднаш е формирана комисија за проценка на штетите во селото Муртино и ги повика сите кои претрпеле штета од понеделник да ја пријават во Општината.
„Сега топката е кај Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Јасно и гласно порачувам: не смеете да ги заборавите овие луѓе. Муртино не е политичка категорија – тоа се чесни луѓе кои живеат од својата земја. Бараме 100 отсто обесштетување. Сѐ помалку од тоа ќе биде навреда и омаловажување за секој што изгубил плод, имот или покрив над главата“, напиша Костадинов.
И градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, информира дека штети се евидентирани во селата Еднокуќево и Босилово и дека од понеделник ќе се знае какви мерки ќе преземат како Општина.