недела, 21 декември 2025

Шест месеци ќе има привремен режим на сообраќај на делницата Гостивар – Стража

Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај, соопшти АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е привремена измена на режимот на сообраќај – времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар – Стража во временски период од 6 (шест) месеци.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона, наведуваат од АМСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ