понеделник, 14 јули 2025

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на Maкедонија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој ќе престојува во работна посета на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Во фокусот на разговорите, како што информираат од Министерството, ќе бидат можностите за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји, кои изминатиот период остварија интензивна и плодна соработка, како и тридецениското пријателство и континуираниот пораст на трговската размена.

Во рамките на посетата, се очекува потпишување на Договор за стратешка соработка меѓу Владата на Македонија и Владата на Унгарија, Меморандум за разбирање меѓу Министерството за образование и наука на Македонија и Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија за соработка во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum за периодот 2026–2028.

Меморандумот, како што соопштија од МНРиНТ, ќе биде потпишан од министерот Петер Сијарто и министерката за образование и наука, Весна Јаневска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ