За денеска Герасимовски упати покана до граѓаните на Центар да присуствуваат на првиот буџетски форум за заеднички да се креира буџетот, „во градењето на подобра општина“.
Шанса за Центар за Герасимовски: До последна трошка да ги исцеди и општинските ресурси
Овој градоначалник е одлучен во изборната кампања до последна трошка да ги исцеди и општинските ресурси и самата општина како јавна институција во своја лична корист. Откако изнареди прескапи игралишта, ископа дупки од илјадници евра како да се за ископ на дијаманти, изнареди клупи и канти наместо да ги поправи претходните, сега на неколку дена од гласањето си организира и нешто што само тој си го нарекува општински буџетски форум. А тоа во суштина е светлосни години далеку од тоа што треба да биде буџетски форум, соопшти граѓанската иницијатива Шанса за Центар.

Објавено на
часот





