четврток, 19 февруари 2026

Шанса за центар: Вакво чудовиште градот не видел

Граѓанската иницијатива Шанса за Центар на социјалните мрежи објави дека за локацијата на поранешната печатница на Нова Македонија денеска ќе се одлучува на седница на Советот на Општина Центар.

Објавено на

часот

Сподели

„Вакво чудовиште градот не видел, но општината не смогна сили да направи ново решение туку со ʼкорекцииʼ се обидува да го ‘дотера’. Се смета за грешка една линија која недостасува во планот, ама не е грешка целиот концепт на развој на овој простор. Дали со сите сознанија и искуства во 2026 мора да спроведуваме одлуки од 2012 година?
Планерот „Тajфа план“ го повикуваме јавно да го образложи решението со кое
површината за градба е 105.000m2, на основа од 5.200 m2.
Согласно правилникот за урбанистичко планирање за таа површина со деловна намена потребни се 1.750 паркинг места, кои може да се обезбедат само со 10 подземни нивоа.
Коефициентот на искористеност е k= 17, иако за сите околни градби е 4 или 5.
Пристапниот пат до влезот за гаражата е залепен до постојните стари објекти без можност за тротоар.
Нели урбанистичкото планирање треба да обезбеди уставно загарантирана заштита на јавниот интерес?“, се вели во објавата на Шанса за Центар.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ