петок, 30 мај 2025

Шанса за Центар: Соседите веќе немаат право на увид што ќе им се гради во комшилукот

Градење без коментирање. Олигархијата ги затвора „дупките“ во законите и истовремено ги затвора устите на граѓаните, се вели во реакцијата на Шанса за Центар, граѓанската иницијатива и советничка група во Општина Центар.

Објавено на

часот

Сподели

Минатата недела во македонското Собрание со мнозинтсво пд гласовите беше избришан членот 62-а во Законот за градење. Со овој член се овозможуваше реакција и жалба ако непосредниот сосед смета дека имотот му се обезвреднува, или ако му се нарушува квалитетот на живот, познато како „соседско право“.

„Олигархијата и политичарите во брак од интерес, како од сказните.  Сега кога ќе никнува градба во вашето соседство која можеби го узурпира вашиот имот имате право само да молчите“, се вели во реакцијата на Шанса за Центар.

Со членот 62-а на секое одобрување за градење соседите имаа право во рок од 15 дена да извршат увид во градежниот проекти и евентуално да поднесат жалби.

„Надлежниот орган што го донел одобрението за градење е должен во рок од три дена од денот на донесувањето на одобрението за градење да ги извести непосредните соседи на градежната парцела за која се донесува одобрението, за издаденото одобрение за градење и дека во рок од 15 дена од денот на издавање на одобрението за градење можат да извршат увид во документацијата.

Доколку непосредните соседи не извршат увид и/или не поднесат жалба против одобрението за градење во рок од 15 дена од денот на издавање на одобрението за градење, одобрението за градење станува правосилно“, пишуваше во членот 62-а  од Законот за градење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ