„Спротивно на членовите од Изборниот законик 97 Став 1 и 98 став 1 врз нашите канидати е направена флагрантна дискриминација, ставање во нерамноправна положба и поништување на еднаквоста на избирачкото право. Оваа неправилност е констатирана на целата територија на Општина Центар и може да претставува основа за поништување на изборите во оваа општина.

Се обидовме да поднесеме приговор во системот на ДИК кој во моментот додека се обидувавме да го поднесеме преку електронската форма на страницата на ДИК не беше во функција. Поднесен е приговор по електронски пат преку електронска пошта и во архивата на ДИК“, соопшти граѓанската иницијатива Шанса за Центар – Независни заедно.






