„1.Планот кој се релизира на 30.000м2 не соодветствува со Генералниот план за градот, па наместо 1.500 жители на локацијата се овозможува да се населат повеке од 5.000 жители.
2.При подготовка за градба се исечени 105 дрвjа, кои со градби со подземни нивоа не можат да се надоместат.
3.Градоначалникот потенцира дека не продава државно земиште, а за реализација на планот приватизирани се неколку илјади квадрати државно земјиште.
4.На местото каде по планот е предвидено јавно зеленило од 7000м2 се наоѓаат објекти од 2000м2 корисна, но легализирана површина кои Општината треба да ги откупи за да го реализира единственото зеленило. 1200м2 од тие обекти се во соственост на инвеститорите на Треска кои дополнително можат да се офајдат со дополнителни 960.000 евра. Обидот тоа да се избегне, иницирано од Шанса за Центар во актуелниот момент не беше подржано од градоначалникот.
5.Награденото решение на конкурсот за Треска го ревидираше планот согласно генералниот план, со тоа го заштити јавниот интерес и отстрани добар дел од неговите недостатоци. Правото на градба на приватниот имот не им беше одземено на инвеститорите, туку беше регулирано да се одвива според правилата на урбанистичкото планиранье.
За конкурсот не се залудно потрошени пари. Напротив. Конкурсот беше доказ дека ако се направи триаголник на соработка: политичари со визија и со примарна цел-јавниот интерес; ангажман на докажани стручни и професионални лица; и соработливи инвеститори флексибилни за договор и свесни за јавниот интерес, а не само алчни. Е тогаш може да се менува развојот на просторот.
Но укинувањето на конкурсот на Треска еднострано и незаконски од градоначалникот е доказ како политичката моќ НЕ СЕ користи за одбрана на јавниот интерес“, велат во објавата од Шанса за Центар.






