„Дури и нашата борба да спасиме нешто од локацијата кај Треска, да го искористиме барањето на инвеститорите за репарцелизација да се направи парк кон булеварот беше саботирана. Сега, пред избори, одеднаш се сетил на граѓанските организации. Ова не е вистинска грижа, туку чист популизам. Еве да возвратиме со љубезноста, го каниме СДСМ да даде нивен предлог кај нас на листа. Се гледаме на фер избори“, му порачаа од граѓанската иницијатива Шанса за Центар.
Советниците од Шанса за Центар потсетија дека за само 6 месеци пред локалните избори Герасимовски издаде 64 градежни дозволи.
„Како се одвива ‘традиционалната’ политичка борба во Центар? Кога знаеш дека ќе изгубиш на избори ги потпишуваш сите можни дозволи за градба. А свесен си дека општината нема капацитет, ниту луѓе, ниту опрема, да контролира за да обезбеди дека тоа нема да прерасне во општ хаос по улиците и маалата. И сѐ според планови донесени во 2012 кои два пати служеа во предизборна програма за политички маркетинг. На граѓаните во наследство и за долго сеќавање ќе им го остави просторот во ХАОС. Ама на идната градоначалничка ќе ѝ даде материјал во процесите каде е најдокажана“, реагираат од Шанса за Центар.






