понеделник, 15 декември 2025

Шанса за Центар: Бараме јасни правила за независните

На два месеци пред локалните избори институциите играат топло-ладно со тоа како независните граѓански иницијативи можат да учествуваат на локалните избори, се вели во реакцијата на граѓанската иницијатива и советничката група во Општина Центар. Тие бараат

Објавено на

часот

Сподели

„Претставници на институциите со нејасното произнесување без да дадат официјални упатства за начинот на кој иницијативите можат да се кандидираат на изборите, кога веќе се распишани изборите и течат изборните рокови, се надоврзуваат на целосната конфузија која ја оркестрираа политичките партии за да ги истиснат ‘независните’ од играта.
Бараме јасни и недвосмислени правила веднаш. Продолжуваме да собираме потписи за регистрирање на политичка платформа за да ја избегнеме правната несигурност и законската неизвесност која ја создаваат партиите. Учеството на изборите е уставно право на граѓаните. Граѓаните имаат право на избор“, се вели во реакцијата на Шанса за Центар по вчерашните информации од Државната изборна комисија за наводната можност за учество на локалните изборои на независни кандидати и здруженија.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ