Шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје утре (петок) ќе работат само прва смена од 7:30 до 15:30 часот, а задутре (сабота) ќе работат од девет до 14 часот, соопшти денеска службата за информирање на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
„Понеделник е неработен ден. Со редовно работно време ќе се продолжи од 14 април, вторник“, се вели во информацијата.






