Тоа, информираше вечерва Министерството за внатрешни работи, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден референт на МВР.
Шалтерот „Безбеден град“ ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот.
„Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.






