среда, 17 декември 2025

Шабан Салиу: Шуто Оризари нема време за празни зборови, депониите итно да се расчистат

Кандидатот за градоначалник на општина Шуто Оризари и претседател на Демократските сили на Ромите(ДСР), д-р Шабан Салиу и носителот на листата на кандидати за советници, Ферат Асан, вчера остварија средби со жителите на улиците Тиквешка, Клисурска, Дринска, Брсјачка, Злетовска, Нов Живот и Демирхисарска, се наведува во соопштението на кандидатот Шабан Салиу, што МИА го пренесува интегрално.

Објавено на

часот

Сподели

На терен беше јасно видлива состојбата со купишта отпад и неасфалтирани и калливи улици, што секојдневно им го отежнува животот на граѓаните.

Во разговор со жителите, тимот на ДСР ги претстави програмските приоритети насочени кон воспоставување ред во управувањето со отпадот, итно расчистување на дивите депонии и отпочнување на приоритетно асфалтирање на уличните коридори со јасни рокови.

„Шуто Оризари нема време за празни зборови. Потребни се итни, мерливи и видливи чекори што ќе донесат чисти улици, асфалт и функционални услуги. Нашиот пристап е јасен, а тоа се транспарентни рокови, јавна отчетност и партнерство со граѓаните за секој чекор напред,“ порача д-р Шабан Салиу. Тој додаде дека целта е функционална и чиста општина со мерливи резултати и вистинска отчетност кон граѓаните, при што жителите ќе бидат директни партнери во следењето и оценувањето на напредокот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ