На новинарско прашање за негова одговорност во врска со случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тоа што беше опфатен со истрагата како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување, рече дека не чуствува апсолутно никаква одговорност.
„Апсолутно во тој поглед не чуствувам одговорност. Верувам во нашата држава, верувам во системот, верувам во правосудните органи, правилно ќе ги согледаат и аргументите и сите, да кажам, посебни моменти од тој случај. Јас сум правник по вокација и сум доктор по политички и правни работи, сум бил и адвокат, сум работел и по судовите. Оставам на совеста на државата да одлучи дали имам јас вина, или немам. Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина“, рече Салиу.
Во однос на истрагата, рече дека е потребна во одредени случаи.
„Се водам од општата правна иницијатива, општата презумпција на невиност, сè додека не се докаже дека некој е виновен, тој е невин“, рече тој.