„За споредба, во 43-та недела од минатата сезона, регистрирани беа 42 заболени лица – зголемување од 33,3 проценти, додека во однос на моделот за последните 15 сезони, се регистрира намалување од 10,5 отсто“, појаснија од ИЈЗ.
Заболените лица оваа недела биле регистрирани во Гостивар – 20, Куманово – 15, Прилеп – 7, Тетово и Радовиш – по 5, Струмица и Македонски Брод – по 2, според податоците на ИЈЗ.
„Во однос на возраста, од 15-64 години се регистрирани 48 лица, лица над 65 години – 5, од 5-14 години – 2 лица и од 0-4 години – едно лице. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=22,03/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип“, потенцираа од ИЈЗ.

Во сезоната 2025/2026 вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 244, според податоците на ИЈЗ. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи бил зголемен за 64,9 проценти, а во однос на моделот од последните 15 сезони се регистрирало зголемување од 21,9 отсто.
Од ИЈЗ потсетија дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи – согласно препораките на СЗО: постарите лица – над 65 години, деца на возраст од 6-59 месеци, лица постари од 6 месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници.
„Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 31.289 лица од ризичните категории на населението со бесплатни вакцини“, додадоа од ИЈЗ.






