четврток, 5 март 2026

СЕТЕК го отвора новиот СЕТЕК сити премиум во Скопје сити мол: Поголем, помоќен, премиум!

Подгответе се за целосно ново, несекојдневно шопинг искуство! На 6, 7 и 8 март, СЕТЕК свечено ги отвора вратите на својот целосно реновиран и значително проширен премиум салон во Скопје сити мол.

Објавено на

часот

Сподели

На добро познатата локација каде што купувачите навикнаа да ја наоѓаат врвната техника, сега ги очекува многу повеќе. Новиот салон е просторно поголем, со помоќна понуда, замислен да овозможи премиум искуство за секој посетител.

СЕТЕК City Premium е дизајниран според најновите светски стандарди, со цел да понуди максимална прегледност и пристап до најсовремените технолошки решенија: ИТ опрема, телевизори, телефони, бела техника, мали апарати и гејминг опрема од врвни светски брендови.

По повод големото отворање, СЕТЕК најавува тридневна прослава која не смее да се пропушти. Викендот на 6, 7 и 8 март ќе биде исполнет со многу забава, одлична атмосфера, изненадувања и секако – вредни подароци за посетителите на салонот.

СЕТЕК ги поканува сите љубители на технологијата, лојални купувачи и сите оние кои сакаат да доживеат премиум шопинг искуство, да бидат дел од овој голем настан.

Дојдете заедно да го прославиме новиот почеток и да откриеме зошто новиот СЕТЕК City Premium е новата омилена дестинација за технологија во градот!

Се гледаме на 6, 7 и 8 март во салонот на Сетек во Скопје City Mall.

Посетете нè и бидете дел од најголемата технолошка забава во градот!

Количините на подароците и производите се ограничени. Промотивните цени важат исклучиво во СЕТЕК City Mall – Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ