недела, 13 април 2025

Семејството на прегазената Теодора гневно на пресудата од 2 години затвор: Колку вреди човечкиот живот?

Менсур Пајазити е виновен за смртта на 22-годишната Теодора Ристовска, која на 15 август 2022 година беше прегазена во Тетово, рече денес судијата Елведин Ферати и го осуди на затвор од 2 години. Пајазити, како учесник во сообраќајот, не се придржувал до прописите, со што го загрозил јавниот сообраќај. Сестрата на прегазената Теодора низ солзи праша колку вреди човечкиот живот.

Објавено на

часот

Сподели

Со плачење и поради голем револт сестрата Ева Ристовска и таткото Круме, го напуштија судењето и во изјави за медиумите истакнаа дека не се задоволни од одлуката на судот.

„Колку вреди животот во Македонија. Колку вреди животот на сестра ми, дали животот некој може да и го врати. Дали нејзината младост може некој да ја врати. Мојата младост дали може некој да ја врати. Мојата душа дали може некој да ја врати. Две години го осудија што уби човек. Колку вреди животот во Македонија дали некој ќе ми објасни, колку вреди животот на сестра ми. Со две години ние треба да бидеме задоволни? Јас треба да отидам и да речам на сестра ми, да и запалам свеќа и да и речам. Со две години биди задоволна, ова е законот во Македонија. Не, не може со две години, максималната казна нема да ми ја врати Теодора мене. Ќе ми ја олесни маката мене, ќе каже на секој следен што може да го доживее не дај Боже истово, ќе каже дека има правда, ако стигне до максимална казна. Сите веруваат во правда, и јас верувам дека ќе се смени ова и дека ќе биде максималната казна пет години“, рече Ева Ристовска.

„Згрозен сум, од оваа држава, што да очекувам од оваа држава, плачам за правда, правда нема. Нема никогаш да има правда во оваа држава. Готово оваа држава отиде. Младите бегаат и ние постарите ќе бегаме. Ова не е држава“, рече Круме Ристовски.

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 по признавање на вина Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор.

По жалба, Апелацискиот суд ја намалил казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укинал двете пресуди на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ